Тер Штеген: Нема да бидеме наивни како ПСЖ против Манчестер Јунајтед

Барселона со минимална предност (0-1) остварена на „Олд Трафорд“ вечерва го пречекува Манчестер Јунајтед во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Англискиот тим се надева дека може да направи уште една сензација, откако во минатата рунда го совлада ПСЖ во Париз и закажа пресметка со Барса. Но, голманот на каталонскиот тим Марк Андре Тер Штеген вели дека Барселона нема да биде наивна.

„Ние играме поинаку од ПСЖ и нема да бидеме наивни. Манчестер Јунајтед е одличен тим, со фантастични индивидуалци и ние нема да им дозволиме да се размавнат на „Камп Ноу“. Имаме минимална предност и знаеме дека треба да играме мудро, да ја контролираме топката што е одлика на овој тим на Барселона. Јунајтед сигурно ќе сака да победи, но ние тоа нема да го дозволиме. Ќе биде тежок натпревар, но веруваме дека ние ќе бидеме полуфиналисти во Лигата на шампионите“, изјави Тер Штеген.

Дуелот меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед се игра вечерва, со почеток од 21 часот на стадионот „Камп Ноу“.

Се вчитува...