Тер Штеген: Нема фаворити во полуфинале на ЛШ, Ливерпул е одличен тим

Барселона и Ливерпул ќе ги одмерат силите во полуфиналето на Лигата на шампионите, а голманот Марк Андре Тер Штеген вели дека тоа е пресметка во која однапред нема фаворит. Германскиот интернационалец вели дека тој и неговите соиграчи мирно го очекуваат дуелите со англискиот претставник.

„Очекувам неверојатни мечеви со Ливерпул. Нема фаворити во полуфиналето на Лигата на шампионите. Барселона секогаш има цел да освојува трофеи и веруваме дека оваа сезона можеме да го кренеме пехарот во елитното европско натпреварување. Но, Ливерпул е одличен тим. Тие и минатата сезона беа во финалето, нивните успеси секако не се случајни“, изјави Тер Штеген.

Барселона е на прагот да ја одбрани титулата во Ла Лига, а фокусот е кон освојување на трофејот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...