Теренот подготвен за Европа: Клубовите ќе можат да играат на комплексот „Петар Милошевски“

Македонските клубови ќе имаат можност да бидат домаќини во Европа на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Теренот е комплетно реновиран и веќе го доби својот сјај, со нова дренажа, токму навреме за да биде максимално подготвен за настаните што следуваат. Поради реновирањето на арената „Филип Втори“ за Суперкупот на Европа, кој ќе се одржи во Скопје на 8.август, кога на мегдан во главниот град на Македонија ќе излезат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, македонските клубови ќе мора да побараат алтернативни терени за своите настапи на меѓународна сцена.

teren ffm 2

Првакот Вардар денеска побара од надлежните да дозволат своите мечеви како домаќин во квалификациите за Лигата на шампионите да ги игра на арената „Филип Втори“, а Шкендија размислува да игра во Скадар. Сепак, стадионот во комплексот „Петар Милошевски“ е веќе подготвен за следните предизвици, и таму се очекува своите мечеви да ги играат Работнички и Пелистер, во квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...