Термини за полуфинале: Шоуто почнува на „Камп ноу“

По комплетирањето на четвртфиналните пресметки веќе се познати и официјалните термини на полуфиналните дуели во кои силите ќе ги одмерат Барселона и Ливерпул, односно Ајакс и Тотенхем.

Серијата фантастични натпревари ќе почне на 30 април (вторник), кога Ливерпул ќе гостува на „Камп ноу“. Еден ден подоцна Тотенхем ќе го пречека Ајакс на својот нов стадион во Лондон.

Реваншот меѓу холандскиот гигант и лондонскиот клуб ќе се игра на „Јохан Кројф Арена“ на 7 мај во Амстердам, а на 8 мај ќе се знае и вториот учесник во големото финале, по реваншот на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Барса.

Се вчитува...