Тешка ноќ за Њујорк: Повреда на Порзингис… (ВИДЕО)

Кошаркарот на Њујорк, Кристапс Порзингис доживеа тешка повреда на синоќешниот дуел од НБА лигата против Мајами.

Летонецот оваа сезона е главен играч на својата екипа како еден од најдобрите поентери во лигата. Токму затоа огромен е шокот во редовите на Њујорк по повредата на синоќешниот дуел.

Порзингис се најде во дуел со Винслов уште на самиот почеток од мечот, кој незгодно го стапна по што следеше повреда на скочниот зглоб.

Последните информации говорат дека, за среќа, нема скршеница на ногата, по што Порзингис набрзо ќе може да се врати на терените.

porzingis 2

Њујорк славеше против Мајами на мечот со 115-86.

 

Се вчитува...