Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, вечерва заработи тешка повреда во рамките на унгарскиот шампионат во дуелот помеѓу неговиот тим Ниреѓихаза и ДВТК.
Велковски беше стартер, но заработи повреда поради која мораше да биде заменет, и со амбулантно возило однесен во болница. Сето тоа се случуваше во раната фаза од мечот, во 19. минута од средбата.
Според информациите до кои дојде ЕКИПА, станува збор за кинење на ложата, повреда поради која ќе мора да паузира неколку месеци. Паузата за ваков тип на повреда е од 2 до 4 месеци. Тоа значи дека Велковски најверојатно е загубен за јунските квалификации во кои Македонија игра на домашен терен против Белгија, и на гости со Казахстан на 6-ти, односно на 9-ти јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА