Тетекс го победи Вардар Форино на последниот есенски второлигашки натпревар

Со натпреварот меѓу Тетекс и Вардар Форино и официјално ставен крај на есенскиот дел од првенството и во Втората лига – Запад.

Во 16. коло, Тетекс триумфираше со 2-1 за крај на есентта. Стрелци на головите за „штофарите“ уште во првото полувреме беа Мирослав Јованоски во 9. минута и Лазар Пеев во 20. минута. Почесниот гол за гостите го постигна Куштрим Таири во 68. минута.

Се вчитува...