Тетекс им даде отказ на петмина фудбалери

На последниот состанок на  новиот Управен одбор на Тетекс  беше донесена одлука клубот да им даде отказ на петмина фудбалери на кои повеќе не смета. До оваа одлука дојде по срамниот висок пораз на тетовчаните во претходното коло кога доживееја вистинска хаварија со поразот од 11:0 против Пелистер во Битола.

Тетекс „раскина“ со Давид Мaнџуковски, Јусуф Алиу, Агон Елмази, Дарко Дигаловски и Арменд Адеми.

Како што не извести Драгољуб Јовановски,кој е инаку и претседател на женскиот фудбалски клуб Љуботен и кој се обидува да го врати Тетекс во „живот“ до крајот на полусезоната, поточно на  натпреварите со Вардар, Кожув и Арсими, на тренерската позиција останува Дејан Савевски, но сега во работата ќе му помага тренерот на младинците на Тетекс Марјан Билбиловски, кој ќе се обиде од младинскиот погон да префрли неколку најталентирани играчи  во првиит тим, се до  зимскиот преоден рок кога Тетекс ќе се обиде да ангажира квалитетни играчи за да се  спаси од испаѓање од единствената Втора лига

М.М.

Се вчитува...