Тетекс со нова реакција: Од судиската комисија да објаснат како ова е гол?

Тетекс со нова реакција се јави после судиската анализа во која стои дека судиите имале добра проценка во ситуацијата при голот на Караорман.

Од тетовскиот тим прашуваат дали ја погледнале спорната ситуација, и да објаснат како ова може да е гол, а да не биде досуден офсајд.

„Почитувани членови на судиска комисија. На кој натпревар сте направиле анализа и на која ситуација ? Дали воопшто сте ја погледнале спорната ситуација ? Да судиски грешки секогаш имало и ќе има , но дали вашата анализа не е срамна ? Очекуваме членовите на судиската комисија да ни објаснат, како е ова гол!“, стои во соопштението на Тетекс.

Денеска и во Кратово имаше спорна ситуација, кога на Скопје му беше поништен гол поради офсајд.

Се вчитува...