Тевез го доби првиот тренерски ангажман!

Карлос Тевез на почетокот на овој месец и официјално објави дека нема повеќе да му се врати на фудбалот, односно дека ја завршува активната играчка кариера на 38-години.

Тевез и понатаму останува во фудбалот и тоа како тренер, а денеска го објави првиот ангажман и тоа како предводник на Росарио Сентрал. Клубот ја информираше јавноста дека Карлитос ќе биде на клупата во наредните 12 месеци.

Останува да се види како поранешниот аргентински репрезентативец и екс фудбалер на Манчестер Сити, Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Јувентус ќе се снајде во оваа нова улога.

 

 

Се вчитува...