Кошаркарите на македонскиот вицешампион ТФТ стигнаа до нова победа откако вечерва славеа на гостувањето кај Феникс со 58-80 во последниот меч од 5. коло од новата сезона во Првата лига.
Двата тима одиграа израмнет прв период по кој резултатот беше 23-23. Гостите заиграа неверојатно во втората четвртина, па на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со двоцифрена предност 36-49. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 58-80.
Тома Стојаноски со 14 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Виктор Златевски постигна 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

