ТФТ го доби дербито со Куманово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на ТФТ со 80-64 го совладаа тимот на Куманово во дербито на кошаркарската прва лига. Екипата од Скопје беше доминатна, и ја загуби само третата четвртина, но имаше „капитал“ од првото полувреме, па не беше проблематично.

Стенли со 23 поени ја предводеше екипата до победа, а кај Куманово Стевановиќ беше најефикасен со 20 поени. Кај Куманово се истакна Луковиќ кој имаше 18 поени и 15 скока.

Во вториот меч кошаркарите на Кожув беа убедливи над Ангели и триумфираа со 30 разлика (89-59). Ангели се држеше добро само во првиот период кога имаше еден поен негатива, но немаше сили во вториот, и особено во четвртиот период.

Се вчитува...