ТФТ немоќен пред Војводина за нов пораз во АБА 2 лигата

Кошаркарите на ТФТ доживеаја убедлив пораз од 72-50 во дуелот против Војводина во претпоследниот натпревар од АБА 2 лигата.

ТФТ остана на претходните само две победи во лигата, наспроти и сега десет порази, не успевајќи да парира на новосадскиот тим на денешниот дуел.

Девет кошаркари на ТФТ се запишаа во листата на стрелците,  од кои Верц заврши со 10 поени, а Зафиров постигна девет поени. Џонсон беше најефикасен кај Војводина со 17 поени, а Вучетиќ заврши со 14 постигнати поени.

Се вчитува...