ТФТ убедлив против Чаир 2030

Екипата на ТФТ дојде до третата победа во кошаркарската прва лига, откако на гостински терен го совлада Чаир 2030 со 82-64. Тимот на Чаир, пак, го запиша и третипт пораз во сезоната од досегашните три натпревари.

Чаирчани добро се носеа во првата четвртина, во која заминаа само со три поени негатива. Меѓутоа клучната разлика ТФТ ја направи во вториот период, кој го доби со девет поени разлика, и така на полувреме замина со +12. Во вториот дел гостите продолжија со исто темпо, за на крај да дојдат до убедлив триумф.

Стенли и Гордон со 24, односно со 21 поен беа најефикасни. Кај Чаир Билингсли имаше дабл-дабл учинок со 13 поени и 13 скока.

Се вчитува...