Ти-Џеј Шортс – MВП на регуларниот дел од сезоната во ФИБА Лигата на Шампиони

Новиот македонски репрезентативец Ти-Џеј Шортс е избран за најкорисен играч на ФИБА Лигата на Шампиони од страна на кошаркарски портал „Еврохупс“. Американецот игра извонредна сезона во која го предводи Бон, а со тоа заслужно го доби и престижното признание.

Плејмејкерот бележи просек од 24.2 поени, 6.7 асистенции, 4.2 скока и 1.0 украдена топка по натпревар што беше клучно за директниот пласман во 1/16 финалето од силното натпреварување.

Се вчитува...