Френсис Тијафо одигра неколку одлични натпревари на овогодинешниот УС Опен. Го победи Рафаел Надал, го запре и Андреј Рубљов, но не можеше против Карлос Алкараз.
По поразот, Тијафо пред присутната публика даде коментар за својот настап на УС Опен.
„Ова беа најлудите две недели во мојот живот, сè за што сонував. Го победив Рафа. Го победив единствениот човек кој го победи Рафа на Слем оваа година. И тој беше во игра за број еден. Лудо, навистина … Моите емоции се многу измешани. Мислам дека докажав дека можам да играм со најдобрите, дека можам да освојам Грен слем. Во текот на мојата кариера имав доста спорадични периоди на добра игра. Но, секогаш знаев да се мотивирам кога играм против најдобрите. Сега тоа го правам почесто, па победите против најдобрите доаѓаат поконстантно … мислам дека можам да победам секого“, изјави Тијафо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА