Тијаго Алкантара е желбата на Реал Мадрид, по заминувањето на Ковачиќ

Реал Мадрид тргнува по поранешна ѕвезда на Барселона. Новиот тренер Хулен Лопетеги смета дека Тијаго Алкантара, шпанскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, би бил идеалното решение за нова аквизиција во средниот ред. Сега се ослободи едно место во тимот по заминувањето на Матео Ковачиќ, кој претстојната сезона како позајмен играч ќе ја одигра во Челси.

По синоќешната објава за ангажманот на голманот Тибо Куртоа, кој денеска и официјално ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“, Лопетеги посакува да доведе уште по едно ново име во средниот ред и во нападот. Тијаго Алкантара е неговиот „пик“ за маневарот, и побарал од раководството да се обиде да го доведе во Реал Мадрид. Да се купи фудбалер на Баерн Минхен не е лесна работа, но Флорентино Перез многупати докажал дека умее да го доведе фудбалерот што го посакува во актуелниот европски првак.

Се вчитува...