Тиквеш без проблеми против Ангели

Кошаркарите на Тиквеш им се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Ангели со 63-88 во натпревар од 7. коло од новата сезона во Првата лига.

Домаќините парираа во првото полувреме по кое кавадарчани имаа позитива од само пет поени (31-36). Сепак, Тиквеш заигра далеку подобро во вториот дел, па на крајот без поголеми проблеми стигна до сигурен триумф од 63-88.

Лук Андерсон со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Таулант Ибраими постигна 16 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...