Ракометните Суперлигаши на Македонија денеска ги продолжуваат своите обврски во домашниот шампионат, по паузата поради Светското првенство кое изминатиот месец се играше во Хрватска, Норвешка и Данска.
Први на теренот истрчаа ГРК Тиквеш и Радовиш во кој кавадарчани без поголеми проблеми славеа со 32-26. Тиквеш уште од самиот старт беше подобар противник па на пауза замина со позитива од 16-12.
Во вториот дел домаќините успеаја да го задржат водството и на крајот да стигнат до конечен триумф од 32-26. Даниел Андоноски со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Здравко Постолов заврши со ист број голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА