Тиквеш стави крај на серијата од два порази во низа и славеше на домашен терен против Чаир 2030 на отварањето на 4. коло во Суперлигата со 92-83 по дополнителни пет минути игра.
По изедначената игра и неколкуте промени во водството подобрата завршница на првата четвртина донесе предност од 19-15 за Тиквеш. Кавадарчани продолжија во добар ритам и во втората четвртина, беа блиску и до двоцифрена предност (27-19), но по загубената топка на Златев следеше одговор на гостите кои успеаја да фатат ритам и да ја вратат неизвесноста на полувремето (40-38).
Отварањето на второто полувреме донесе нова добра игра на Тиквеш кој овој пат успеа да стигне до двоцифена предност (55-44) по слободени фрлања на Бошалески, но и овој пат кавадарчани не успеаја да ја задржат истата и Чаир успеа да се врати на негатива од еден посед (57-54) пред одлучувачките 10. минути.
Во нив Чаир успеа да стигне и до водство, но продолжи неизвеноста која траеше се до последните секунди од средбата. Тиквеш беше блиску до триумф, на 10. секунди пред крајот имаше две слободни фрлања за предност од три разлика, но Џексон погоди само едно за 76-74, а Бетсон реализираше по влез за изедначување.
Последниот напад од регуларниот дел од натпреварот им припадна на кавадарчани, но Димитријев не реализираше за дополнителни пет минути во кои Тиквеш конечно го разби отпорот на скопскиот тим за триумф.
Со 25 поени и 12 скокови Андерсон беше лидер на Тиквеш, додека 23 поени и 11 скокови за Чаир постигна Билингслеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

