Тиквеш лесно преку Е.Пелистер 2, Струга до прва победа во „плеј-аутот“

Во битката за плеј-офот во ракометната Супер лига, Тиквеш стигна до победа над Еурофарм Пелистер 2 со 30-26. Само на почетокот од вториот дел младите пелистерци пружија отпор, и беа во „егал“ со противникот, но во финишот попуштија, и после серијата на Тиквеш со која стигна до 27-24, се знаеше дека бодовите ќе останат во Кавадарци. Петровиќ кај Е.Пелистер 2 беше најефиксен со осум гола, кај Тиквеш Кондев постигна седум.

Екипата на Струга дојде до првата победа во плеј-аутот, откако го совлада тимот на Вардар Неготино на негов терен со 25-26. Гостите во финишот стигнаа до победата, откако во последните мигови се влезе во „егал“, но Стружани реализираа за триумф во битката за опстанок во Супер лигата.

Најефикасен ракометар беше Адамовиќ со 10 гола кај домашните, но залудно, затоа што неговиот тим не стигна до победата. На другата страна Бугариновиќ постигна девет гола заз Струга.

Куманово дојде до победата над Скопје со 33-25. Најефикасен кај домашните беше Кастратовиќ со 7 гола, додека Јакимовски кај гостите постигна дури 10.

Претходно Јуниор го совлада Прилеп со 27-26.

Се вчитува...