Тиквеш поразен на домашен терен од Феникс, ТФТ без проблеми против Ангели

Кошаркарите на македонскиот вицешампион ТФТ остануваат една од двете непоразени екипи на стартот на новата сезона откако вечерва на домашен терен славеа против Ангели со 67-57 во меч од 6. коло во Првата лига.

Домаќините на противникот во првото полувреме му дозволија само 16 поени, и сето тоа беше доволно за конечен триумф од 67-57. Џастин Гордон со 21 поен беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Таулант Ибраими иста така заврши со 21 поен.

Во вториот натпревар од програмата од 17 часот, Тиквеш и Феникс одиграа трилер меч во Кавадарци кој заврши со победа на 82-86. Домаќините одиграа одлично во вториот период по кој на пауза имаа позитива од 47-35. Гостите возвратија на ист начин во третиот период, па во последните десет минути се влезе во егал 67-69. Гостите од Скопје беа подобри и во последниот период за конечен триумф од 82-86. Најдобри поединци кај победникот беа Дајсон и Рахама со 23 поени, додека кај поразените Лук Андерсон постигна 19 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...