Тиквеш се засили со Американецот Хокинс (ФОТО)

Кошаркарскиот прволигаш Тиквеш од Кавадарци за продолжението од сезоната се засили со американскиот кошаркар Хаваунте Хокинс.

25-годишниот Хокинс во Тиквеш, кој игра на позицијата поентер, доаѓа на местото на Џексон кој си замина од клубот. Новиот кошаркар на кавадарчани играл во Колеџ универзитетот на Флорида во САД, а во Европа настапувал за кипарски Аполон Лимасол.

„Веруваме силно во квалитетите и посветеноста на Хокинс, и му посакуваме многу успех, силни настапи и победи во претстојната сезона“ – информираат од КК Тиквеш.

Се вчитува...