Тим петти пат во низа во осминафинале, Унгарецот Фучович пишува историја

Австрискиот тенисер Доминик Тим се пласираше без поголеми проблеми во осминафиналето на Австралија опен. Петтиот носител во третото коло го совлада Адријан Манарин со 6-4,6-2,7-5.

Тим петти пат во низа на еден Грандслем турнир стигнува до осминафиналето, а Французинот го победува седми едноподруго пат. Во следната рунда Австриецот ќе игра против Американецот Тенис Сандгрен кој беше подобар од Германецот Максимилијан Мертерер со 5-7,6-3,7-5,7-6.

Унгарскиот тенисер Мартон Фучович направи уште еден чекор напред на својот најдобар Грандслем во кариерата. Овој 80-ти тенисер во светот се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, а досега најдобар резултат му беше првото коло на Вимблдон и на УС Опен.

Фучович во третото коло го победи 93-от тенисер на АТП ранг листата, Аргентинецот Николас Кикес со 6-3,6-3,6-2.

Унгарецот во осминафиналето го чека подобриот од дуелот меѓу бранителот на титулата, Роџер Федерер и Французинот Ришар Гаске.

Се вчитува...