Тимо Вернер се исплаши од ’вулканот’ во Истанбул, не помогнаа ниту тампоните за уши

Лајпциг загуби од Бешикташ со 2-0 на синоќешниот меч во Лигата на шампионите, а интересно е дека германскиот репрезентативец Тимо Вернер ја напушти играта по само половина час, но не поради повреда, туку затоа што не можел да го издржи ’вулканот’ на стадионот. Навивачите на Бешикташ создадоа фантастична атмосфера, но и огромна врева, а Вернер вели дека поради тоа се загубил на теренот. Не помогнаа ниту тампоните за уши кои ги доби од резервната клупа.

„Никогаш не сум доживеал таква атмосфера во животот. Не можев да се фокусирам на мечот. Побарав и тампони за уши, но ниту тоа не помогна“, изјави Тимо Вернер по натпреварот.

Официјалната информација е дека напаѓачот бил повлечен од игра поради проблеми со циркулацијата на крвотокот, но вистинската причина е јасна, тој остана преплашен од ’вулканот’ на стадионот во Истанбул.

Тимо Вернер претходно имаше интересна изјава.

„Ќе одиме во Истанбул, а Бешикташ не е Баерн Минхен или Борусија Дортмунд. Нема од што да се плашиме“. Сепак, на крајот испадна дека тој се преплаши во Истанбул.

Се вчитува...