Тите: Боли многу, понудивме спектакл, а испаднавме

 

Бразил го заврши својот мундијалски пат во четвртфиналето. Белгија ги порази „кариоките“ со 2-1, и селекцијата на Тите предводена од Нејмар мора да си замине дома, пред да почне разврската за титулата на Светското првенство во Русија.

Бразилскиот селектор смета неговата селекција не заслужила елиминација.

„Боли многу, елиминирани сме, а можеби тоа не го заслуживме. Ова беше спектакуларен меч, со многу шанси, а Белгија успеа да биде поефективна од нас. Мислам дека вистинската разлика ја направи белгискиот голман Тибо Куртоа. Одбрани неколку одлични удари, а ние не успеавме да ја затресеме неговата мрежа кога беше најпотребно. Знам дека бразилските фанови очекуваа повеќе и тоа сите нас не боли најмногу“, изјави бразилскиот селектор, Тите.

Се вчитува...