Тоа е „фаца“ – Коби Брајант пензионираше два дреса на ЛА лејкерс

За секој кошаркар е огромна чест кога на крајот од кариерата клубот ќе го повлече дресот со неговиот број. Сепак, Коби Брајант не е обичен кошаркар, туку мегаѕвезда што остави силен траг во историјата на ЛА лејкерс, па на синоќешниот натпревар со Голден стејт беа повлечени двата дреса на Брајант, со броевите 8 и 24.

Голема благодарност за ова што се случува вечерва. Ова не е само за мене, ова е за сите оние кои имаат дресови во оваа сала, кои ми беа инспирација да играм се подобро“ – изјави Коби, кој на трибините беше поздравен од Шекил О’Нил, додека церемонијата ја водеше Ервин Меџик Џонсон.

dresovi brajant

Воедно, Брајант пред присутните објасни зошто го променил бројот на дрес во текот на фантастичната кариера, откако во 2006 година осумката ја замени со 24-ка, број што го носел додека настапувал во колеџ.

„Кога првпат дојдов во лигата ја зедов осумката, сакав само да докажам дека заслужувам да сум овде, дека сум меѓу најддобрите. Кога го сторив тоа, бројот 24 е чекор напред. Физичките атрибути не беа толку доминантни, но зрелоста беше поголема, морав да ја сменам перспективата како еден од највозрасните во тимот, што треба да се грижат за помладите“ – истакна Брајант.

Се вчитува...