Тоа го може само Леброн – 35 поени, 17 асистенции, 0 загубени топки (видео)

Леброн Џејмс одигра уште еден натпревар за паметење, и тоа против најдобриот тим во Источната конференција, Торонто репторс, предводејќи го Кливленд до победа од 132-129. „Кралот“ Џејмс го заврши натпреварот со 35 поени и 17 асистенции, но згора на тоа немаше ниту една загубена топка, прв играч кому му успеало такво нешто, а да има над 30 поени и 15 асистенции на еден НБА-натпревар.

„Секако дека сум погорд на фактот дека немав ниту една загубена топка. Тоа ми е поважно од бројот на постигнати поени“ – изјави по мечот Џејмс.

Кливленд на полувреме губеше со 15 поени разлика, но Леброн и соиграчите ја стегнаа одбраната, „кралот“ ја презеде контролата во нападот и неговиот тим на крајот заслужено се рдуваше на победата над големиот ривал.

Сан Антонио во вистински момент влегува во посакуваниот ритам, откако „спарси“ го зедоа и скалпот на Вашингтон за своја петта победа во низа. Олдриџ повторно беше во главна улога со 27 поени, Андерсон додаде 16, а Пау Гасол осум поени за „спарси“, кои се наоѓаат се поблизу до место во плејофот.

Резултати НБА:

Кливленд – Торонто 132-129, Филаделфија – Мемфис 119-105, Бруклин – Шарлот 105-111, Мајами – Њујорк 119-98, Њу Орлеанс – Индијана 96-92, Чикаго – Денвер 102-135, Милвоки – ЛА клиперс 120-127, Сан Антонио – Вашингтон 98-90.

Се вчитува...