Тоа што го пропуштивме ние, не го испуштија Ерменците: Ранливата Романија совладана во Ереван (ВИДЕО)

Тоа што го пропушти фудбалската репрезентација на Македонија и шансата да ја добие ранливата Романија, Ерменците го искористија на најдобар можен начин триумфирајќи со 3-2 во 3. коло од мундијалските квалификации.

Домаќините поведоа во 56. минута со 1-0 со голот на Спертсјан. Шест минути подоцна Цицалдау израмни на 1-1, а истиот фудбалер во 72. донесе водство од 1-2 за Романците.  Следуваше голема глупост на Пушкаш кој по еден несмасен старт заработи директен црвен, по што домаќините до крајот ја искористија бројчаната предност и прво преку Харојан во 87. минута израмнија на 2-2, а само две минути подоцна Барсегијан од пенал донесе нови три бода за Ерменија.

 

 

Се вчитува...