Тодоровиќ: Време е за прва радост на Маџари во елитното друштво…

Кошаркарите на Маџари полни со оптимизам влегуваат во вечерашниот дуел против Тиквеш (19 часот, СРЦ Кале), во кој ќе дадат се за да стигнат до првата суперлигашка победа во клупската историја.

Ланскиот првак во Втората лига имаше убедливо најтежок распоред на стартот, почнувајќи против МЗТ Скопје, Куманово, ТФТ и Пелистер, претрпени беа четири порази, но на сите четири меча Маџари целосно им парираше на поквалитетните противници. Токму поради тоа овие 0-4 се разочарувачки, но истовремено и мотив плус за тренерот Тодоровиќ и неговите избраници да сторат се за вечерва да стигнат до триумф против Тиквеш.

„Игравме навистина одлична на претходните четири средби и вистинска штета е што немаме најмалку една победа. Имавме двоцифрена предност и во Куманово и во Битола, водевме убедливо и на полувреме против ТФТ, но не успеавме да ги финишираме овие средби онака како што треба. Работевме напорно изминатата седмица, сметам дека лекцијата е научена и дека против Тиквеш ќе одиграме квалитетно во текот на сите 40 минути. Поседуваме квалитет и играме добра кошарка, жалиме што немаме триумф во досегашниот дел од сезоната, но тоа ќе ни биде само мотив плус на претстојниот дуел со Тиквеш. Верувам во добра игра на Маџари и прва радост на нашиот клуб во елитното друштво“, вели тренерот Миодраг Тодоровиќ во пресрет на денешниот меч со кавадарчани.

Се вчитува...