Тој мора да игра – Франција со него 29 меча не знае за пораз

Дидие Дешамп се уште тактизира околу составот на француската репрезентација, но еден од сигурните стартери сигурно е Бенџамин Павар, младиот дефанзивец кој важи за едно од најголемите откровенија на шампионатот.

Тој доби шанса како стартен десен бек во ситуација кога Сидибе беше повреден, но со добрите игри ги изненади сите, па сега и кога членот на Монако е здрав, Павар сепак останува прв избор на стручниот штаб на „триколорите“ за овој дел од тимот.

А како и не би бил ако се знае и победничката серија во која се наоѓа овој фудбалер кога станува збор за настапите за националниот тим. Имено, Павар досега одиграл 29 натпревари за сите национални селекции на Франција, притоа ниту еднаш не чувствувајќи ја горчината на поразот. Со досегашните мундијалски средби тој стигна до десет меча за А тимот, претходно имаше и 15 за младинскиот состав, како и четири за У19 селекцијата, при што Франција со Павар во тимот редовно или победуваше или пак играше нерешено.

Се вчитува...