Том Брејди се одлучи на развод и го одби ултиматумот за прекин на кариерата

Том Брејди, еден од најдобрите квотербекови во историјата на НФЛ лигата, добил ултиматум од својата сопруга, Жизел Бундшен – развод или крај на професионалната кариера.

Играчот на Тампа Беј Баканирс тоа го одбил, па на социјалните мрежи ја потврди разделбата, по што останува отпочнување на процесот на развод.

Брејди има седум шампионски прстени во кариерата. Сега на 45 години се врати на терените, откако краток период имаше најавено дека заминува во пензија.

Со убавата Бразилка има две деца, а беше во брак со неа од 2009 година.

 

 

Се вчитува...