Томислав Илиев – трето засилување за „романтичарите“

Томислав Илиев е третото летно засилување за Работнички, откако овој 23-годишен фудбалер вечерва го стави својот потпис на тригодишниот договор со „романтичарите“.

Станува збор за играч кој настапува на позицијата десен бек и кој треба да претставува освежување за одбранбената линија на „романтичарите“, кои следниот месец ги очекуваат натпреварите од квалификациите за Лигата на Европа.

Претходно, тимот на Виктор Треневски се засили и со Стојанче Велинов од Ренова и со Енис Дервиши од Шкендија, а во тек се преговорите за доведување на уште неколку квалитетни фудбалери во таборот на „романтичарите“.

Се вчитува...