Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман мака мачи со повреди пред гостувањето во Белград против Црвена Звезда во 9. коло од Евролигата.
На овој натпревар „зелените“ ќе настапат без класичен центар откако потешка повреда заработи Омер Јуртсевен, турскиот репрезентативец кој ќе биде надвор од терените до три недели.
Поранешниот НБА кошаркар на тренинг на тимот се пожалил на болки во левата нога, а до деталните прегледи утврдено е дека повредата воопшто не е наивна и нема да настапи на евролигашките натпревари со Црвена Звезда, Париз и Реал Мадрид, а не се исклучува и можноста да го пропушти натпреварот со Партизан во Атина на крајот на месецот.
Матијас Лесор веќе подолго време е повреден, а минатата недела се повреди и Ришон Холмс па Атаман ќе мора да се „потпре“ на крилните центри во следниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

