Што гледаше судијата: Крос доби жолт картон, а не го ни допре противникот (ВИДЕО)

Реал Мадрид потешко од очекувањата после продолженијата го совлада тимот на Елче и се пласираше во следната фаза од Купот на Шпанија. Иако Елче поведе со гол во 103. минута, сепак, Иско и Азар направија пресврт за пласман во следната фаза на големиот фаворит.

Но, еден од деталите кои го одбележаа дуелот се случи во 78. минута кога Тони Крос доби жолт картон.

Судијата Васкез му даде жолт картон, откако свирна прекршок над еден играч на Елче, а германскиот фудбалер од средниот ред остана во шок, со оглед дека не само што немаше фаул, туку Крос не го ни допре противникот.

Крос потоа се огласи и на Твитер:

„Жолт картон? Нормално…“.

Се вчитува...