Тони Паркер по 17 години го напушти Сан Антонио

По 17 години и четири шампионски титули, Тони Паркер си замина од Сан Антонио, но останува во НБА лигата. Французинот потпишал двегодишен договор со Шарлот, вреден 10 милиони американски долари.

36-годишниот Паркер, во тимот од Тексас дојде во 2001 година. Шампионски титули освои во 2003, 2005, 2007 и во 2014 година. Во 2007 година беше прогласен за МВП на финалната серија од НБА плејофот.

Во речиси двете децении во Сан Антонио, Паркер направи само еден краток излет, кога за време на локаутот играше за Асвел. Паркер е сопственик на оваа француска екипа.

Се вчитува...