Тони Паркер вечерва се враќа на НБА терените

Плејмејкерот на Сан Антонио спарс, Тони Паркер вечерва ќе направи кам-бек на кошаркарските терени откако доживеа повреда на квадрицепсот во текот на втората рунда во минатогодишните разигрувања во НБА – лигата. Французинот ги пропушти првите 19 натпревари на „спарси“ во новата сезона на кои франшизата од Сан Антонио седум пати беше поразена, но нема подобро време за враќање од вечерашното тексашко дерби против Далас маверикс.

Паркер вечерва ќе има минимална минутажа, се очекува да влезе во игра од клупа, но неговото појавување ќе биде големо освежување за екипата на Грег Поповиќ.

Се вчитува...