Топ 3 трансфери кои пропаднаа во последниот ден

За разлика од Пјер Емерик Обамејанг кој успеа да се „провлече“ во последниот ден од преодниот рок и Арсенал да го замени за Барселона, неколку играчи ја немаа таа среќа.

УСМАН ДЕМБЕЛЕ – Барселона; трансфер опции: ПСЖ, Челси, Манчестер Јунајтед

И покрај сите обиди на Барселона да се ослободи од услугите на прескапиот Усман Дембеле, францускиот репрезентативец до крајот на сезоната ќе остане на „Камп Ноу“. Како опција за трансфер се јавија ПСЖ, Челси и Манчестер Јунајтед, но на крајот ниедни преговори не вродија плод.

Дваесетичетиригодишникот нема да биде проблем за каталонците само доколку фудбалерот и клубот се одлучат за меѓусебен раскин на договорот.

ЏЕСИ ЛИНГАРД – Манчестер Јунајтед; трансфер опции: Вест Хем, Њукасл

Џеси Лингард ја врати формата со редовите на „чекичарите“ претходната сезона, но и покрај тоа што имаше опција да го напушти Манчестер Јунајтед изминатото лето, Англичанецот се одлучи да ја бара својата шанса во редовите на „црвените ѓаволи“.

Таму за него нема место, а во обид за бегство до самиот крај на преиодниот рок опција беа Вест Хем и Њукасл. Лондонскиот клуб отпадна поради амбициите за „топ 4 финиш“, а по сагата со Мејсон Гринвуд, манчестерскиот клуб одлучи да го задржи својот фудбалер.

ФАБИО КАРВАЉО – Фулам; трансфер опција: Ливерпул

Деветнаесетгодишниот бисер на Фулам се најде пред трансфер во Ливерпул, ги помина и медицинските прегледи, но „црвените“ едноставно не успеаја да ја официјализираат соработката пред истекот на времето.

Младиот фудбалер одбива продолжување на соработката со Филам и јасно е дека ќе замине од „Кревен Котиџ“, па останува да видиме дали Ливерпул ќе направи преддоговор или се соочи со конкуренција од останати клубови во летниот преоден рок.

Се вчитува...