Топ 30 голови во ЛШ: Дибиров „на квадрат“, Манасков, Криштопанс…

ЕХФ денеска објави и видео од изборот на 30 најубави голови за минатата сезона во Лигата на шампионите. Тимур Дибиров доминира со два погодоци, ремек-дела на финалето против Веспрем, како и еден од најважните голови на гостувањето против Пик Сегед.

На оваа ранг-листа се наоѓа и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со извонредниот погодок постигнат „зад грб“, а од останатите „вардарци“ тука се и Криштопанс и Шишкарев, па дури и Вуко Борозан, со „бомбата“ што ја испрати на гостувањето против Барселона.

Во ова видео за ракометни гурмани можете да уживате на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...