Топ-потег на полуфиналето: Магичната парада на Паличка (видео)

Андреас Паличка е меѓу најзаслужните за големиот успех на Шведска и пласманот во големото финале од СП 2021. Искусниот голман на Рајн-Некар Левен блескаше и на денешното полуфинале со Франција, на кое токму тој го имаше најубавиот потег на натпреварот.

Се играа последните секунди од првото полувреме, Ремили го проигра Порт, кој имаше зицер и добар агол од крило, но Паличка со бравурозна интервенција ја сочува својата мрежа незатресена.

Се вчитува...