Топмелер не издржа ни три месеци во Франција

Ленс беше најпријатно изненадување во францускиот шампионат ланската сезона, но заминувањето на тренерот во Премиер-лигата и ангажманот на Дино Топмелер за нов шеф на стручниот штаб предизвика проблеми во функционирањето на клубот и резултираше со експресна разделба.

Германскиот стратег не издржа ни три месеци на чело на Ленс, со работа почна на стартот на јули, а денеска доби отказ од тренерската функција во овој клуб.

Она што е уште поизненадувачки, Топмелер во изминатиот период го победи ПСЖ во Суперкупот на Фрнција, а потоа и ја отвори сезоната во ЛШ со победа, прв гостински триумф на Ленс во ова натпреварување по повеќе од 20 години.

Управата сепак не беше задоволна од методите на работа на овој стратег, па донесена е одлука да му биде врачен отказ, а на негово место улогата на шеф на стручниот штаб да му биде доделена на досегашниот прв асистент Јаник Каузак.

Се вчитува...