Торонто бега од Канада, како домаќин ќе игра во Флорида

Единствениот НБА тим со седиште во Канада, шампионите од 2019 година, Торонто репторс своите домашни натпревари на почетокот од сезоната ќе ги игра во Тампа, Флорида.

Како владите на САД, Канада и Мексико поради пандемијата на коронавирусот договорија забрана за патувања преку граница, освен под исклучителни ситуации, Торонто се присилени да побараат нов привремен дом.

„Торонто соработува со здравствените работници на локално, регионално и државно ниво како би ги осигурал натпреварите на домашен терен во сезоната 2020/21. Па, поради актуелните ситуации со кои се соочени Канаѓаните, и поради итност за одредување место каде ќе играме, одлучивме дека оваа сезона ќе ја започнеме во Тампа“ – информира претседателот на Торонто.

Се вчитува...