Торонто и Бостон лесно до 2-0… Феноменалниот ДеРозан со 37 поени!

Торонто и Бостон стигнаа синоќа до вторите победи во првиот круг од НБА плеј-офот.

Репторси лесно на свој паркет славеа против Вашингтон со 130-119 и сега се на чекор поблиску до полуфиналето во Источната конференција. За разлика од првиот меч на кој Вашингтон колку-толку беше рамноправен, синоќа Торонто комплетно ги разби.

ДеМар ДеРозан го предводеше Торонто со 37 поени, додека Џон Вол на спротивната страна постигна 29 поени со 9 асистенции.

Бостон лесно славеше против Милвоки со 120-106, па исто така дојде до 2-0 во серијата.

И овој меч, за разлика од првиот, беше потполно неинтересен. Селтикси на време стекнаа недостижна предност и на крај запишаа втор триумф. Брилјираше Браун кај Бостон со 30 поени, Розиер постигна 23 поени, додека на спротивната страна Јанис Антетокуомпо запиша 20 поени, а Мидлтон – 25 поени.

Се вчитува...