Кошаркарите на Торонто славеа на гостински терен против Кливленд (126-113), во еден од синоќешните три натпреварии од НБА лигата.
Репторс, предводени од Дарко Рајаковиќ од клупата, одиграа уште еден добар натпревар и стигнаа до својот седми триумф сезонава (7-5). Кавалирс се малку подобри со ефект од 8-5.
Торонто го предводеше Барнс со 28 поени, 10 скока и осум асистенции, Квикли додаде 25 поени со шест асистенции, а Поелтл 20 со седум скока. Кај Кливленд, Мичел се истакна со 31 поен, шест скока и исто толку асистенции. Томлин додаде 18 поени и шест скока, а Хантер имаше 16 поени и шест асистенции.
Во останатите два меча Феникс славеше против Индијана со 133-98, а Јута загуби од Атланта пред своите навивачи со 122-132.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

