„Торцида“ направи хаос во Ливерпул: Со столчиња по ривалите (видео)

На Хајдук му се заканува нова ригорозна казна од УЕФА откако навивачите на сплитскиот направија хаос во Ливерпул за време на гостувањето против Евертон.

Исфрустрирани по првиот примен гол на нивниот тим, хрватските хулигани предизвикаа голем инцидент, фрлајќи со столчиња кон противничката трибина, но и обидувајќи се да стигнат до домашните фанови. За среќа, беше спречена физичка пресметка меѓу двете навивачки групи, а главниот судија го прекина натпреварот на пет минути додека страстите не се смират.

Се вчитува...