Тошиќ за нападот на Калемегдан: За жал посериозно е повредена една жена…

Поранешниот српски репрезентативец Душко Тошиќ беше нападнат од ограбувачи во центарот на Белград за време на тренинг заедно со уште шест други фудбалери.

Тошиќ го потврди инцидентот, нагласувајќи дека никој не е повреден од фудбалерите по нападот од хулиганите…

„Точно е дека утрово бевме нападнати на утринскиот тренинг на Калемегдан. Не нападна една поголема група хулигани, која беше наоружана со ножеви и електрошокови“ – напиша Тошиќ на својот Инстаграм профил, информирајќи дека за жал била повредена една жена која случајно се нашла таму.

„За среќа, се помина без потешки последици. Полицијата навреме интервенираше и ги уапси напаѓачите кои, за жал, успеаја посериозно да повредат една жена која таму случајно минуваше“ – откри Тошиќ.

Се вчитува...