Тотален хаос во Белград: Цедевита го победи Партизан во завршница со инциденти

Цедевита и трета година по ред успева да го победи Партизан во Белград во АБА лигата. Но, оваа победа од 71-76 во 12. коло беше извојувано во навистина непосакувана завршница со бројни инциденти и едвај доигрување на натпреварот.

Во завршницата од мечот навивачите со тврд предмет во глава го погодија Андрија Стипановиќ по што судиската тројка од Словенија, Пукл, Петек и Недовиќ го напушти теренот барајќи да се испразни трибините. По силна тензија, инциденти и 20-минутна пауза на крајот се доиграа последните 20 секунди од мечот, со триумф на хрватскиот тим.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...