Тотален хаос во Мексико: Четири лица загинати, ФИФА стравува за безбедноста на Англичаните!

Тотален хаос во Мексико по триумфот над Еквадот од 2-0 и пласманот во осминафиналето на СП 2026. Четири лица загинаа за време на прославите на улиците на Мексико Сити а стотици се повредени, информира мексиканската полиција.

Мексико по 40 години повторно успеа да дојде до осминафинале на Мундијал. Па сето тоа доведе до прослави на стотици илјади лица, при што поради бројни „стампеда“ и непримерна прослава загинал, засега официјално, четири лица.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави дека канцеларијата на државниот обвинител ќе истражи што довело до несреќите притоа повикувајќи на одговорно славење.

Меѓутоа по овие инциденти загрижена е и ФИФА поради безбедноста  на навивачите на следната осминафинална пресметка меѓу Мексико и Англија.

Знаејќи дека навивачите на двете земји се проблематична од ФИФА стравуваат за нивната безбедност. Поради тоа ќе биде наложена и забрана за продажба на алкохол на денот на натпреварот во градот каде ќе се игра дуелот меѓу Мексико и Англија.

Се вчитува...