Еден од најдобрите тенисери на денешницата Јаник Синер се пласираше во ново финале годинава. Тој вечерва го прегази Германецот, Александер Зверев во полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Париз.
Италијанецот одигра еден домаинантен меч во „Берси арената“ во кој на противникот му дозволи само еден освоен гем славејќи со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-1.
Синер во финалето за противник ќе го има Канаѓанецот, Феликс Оже-Алиасим кој во првото полуфинале по голема борба славеше над Александер Бублик од Казахстан со 2-0, по сетови 7-6 и 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

