Тотална „војна“ во таборот на Уругвај среде дербито со Шпанија – Хаосот во тимот за срамна елиминација! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шпанија го победија Уругвај со 1-0 во натпреварот од 3. коло од Групата Х и со тоа обезбедија нокаут фазата на Светското првенство од првата позиција.

Тоа ќе им го донесе второпласираниот тим од Групата Ј, Австрија или Алжир, како ривал во 1/16-финалето на шампионатот.

Со овој пораз, пак, Уругвај е изненадувачки елиминиран од турнирот, откако собра само два бода во три натпревари.

Во исто време, поразото одеше во прилот на  Зеленортските острови, кои за првпат во историјата се пласираа во нокаут фазата со реми без голови со Саудиска Арабија.

Оваа елиминација на Уругвајците како да баше претходно најавена и со внатрешниот конфликт во тимот кој ескалираше токму пред ова дерби.

Инаку, единствениот гол на мечот беше постигнат во 42. минута кога Алекс Баена шутираше, а голманот на Уругвај, Фернандо Муслера, направи кардинална грешка и прими гол што тренерот Марсело Биелса не му го прости.

Веќе на полувремето, популарниот „лудак“ го замени голманот и легенда на Уругвај, кој во претходните денови беше водач на бунтот на тренинзите токму против тренерот.

Вториот водач на тоа востание беше Федерико Валверде, кој исто така го напушти натпреварот многу рано, веќе во 58. минута, и во таа прилика дури и не го погледна Биелса, туку тајно го демонстрираше својот револт.

Поради распадот на системот во тимот на Уругвај, Шпанија можеше да си ја заврши работата со половина гас и, без никакви проблеми или потреба да напаѓа, да го спаси „минимумот“.

Така беше, па истата вечер бевме сведоци на, веројатно, најнепријатното и најпријатното изненадување на Мундијалот.

Се вчитува...